Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Стотици музичари свиреа пред парламентот во Лондон

Стотици музичари свиреа пред парламентот во Лондон
Img 7972

Ансамбл музичари фриленсери, составен од 400 членови, во вторникот одржа протестен концерт пред Парламентот во Лондон за да ја истакне тешката состојба во која се наоѓа музичката индустрија среде пандемија.

Диригентот Дејвид Хил ги предводеше изведувачите во краток сегмент на „Марс“ од Холстовите „Планети“, пред присутните да замолчат две минути.

Истовремен протест се одржа пред Симфониската сала во Бирмингем.

Настаните се осмислени со цел да се направи притисок врз владата да им даде поголема поддршка на самовработените уметници.

Виолинистите Никола Бенедети и Тамсин Литл, како и организаторот на „Гластонбјури“, Емили Евис, исто така присуствуваа во знак на поддршка на изведувачите и постираа снимки на социјалните мрежи.

Настаните беа организирани од кампањата Let Music Live и поддржани од синдикатот на музичари, кој претставува повеќе од 32.000 изведувачи во Велика Британија.

Синдикатот тврди дека 70% од неговите членови изгубиле повеќе од три четвртини од редовната работа за време на самоизолацијата, а многумина се соочуваат со финансиски тешкотии.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

TECHMECH 2025 – Саем за пракса и вработување на Машинскиот факултет

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД: „БИЗНИС ЛИДЕР“ ЌЕ ГИ НАГРАДИ НАЈУСПЕШНИТЕ МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ ЗА 2024 ГОДИНА

Овие 2 знака ќе се збогатат или ќе освојат премија – и тоа веќе до ноември