Утрински Весник
Свет

Стотина слонови пронајдени мртви во Боцвана

Стотина слонови пронајдени мртви во Боцвана

Стотина слонови угинаа во Боцвана, што се опишува како катастрофа за околината. Над 350 слонови угинале од непознати причини, а фотографиите од авион ги прикажуваат нивните лешеви расфрлани по реката Окаванго и другите делови на земјата.

Првите случаи биле забележани во јуни за време на лет над делтата на реката Окаванго, мочуриште и бујно живеалиште на дивите животни.

„За време на тричасовното летање уочиле 169 угинати слоноови“ рекол др. Ниал МекКан за Би-би-си.

„Месец дена подоцна најдени се уште лешеви, со што бројот се зголеми на 350“ додал тој.

Владата на Боцвана се уште не извршила тестирање на трагит од отрво или патоген, но, антраксот е исклучен како причина за смртта. Труењето со цијанид претходно го користеа ловокрадци во Зимбабве.

Текстот Стотина слонови пронајдени мртви во Боцвана е превземен од МАКФАКС.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Прогласена вонредна состојба на Крим, илјадници возила заглавени на Кримскиот мост

Мал авион се урна во највисоката зграда во Пекинг

Болтон ќе плати 2,25 милиони долари казна и ќе одработи 100 часа општествено корисна работа поради задржување доверливи информации