Утрински Весник
Економија

„Стопанска банка“ донира апарат за механичка вентилација на Клиниката за инфективни болести во Скопје

„Стопанска банка“ донира апарат за механичка вентилација на Клиниката за инфективни болести во Скопје
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 18 март 2020 (МИА) – „Стопанска банка“ АД – Скопје соопшти дека со Министерството за здравство денеска потпишала Договор за донација на апарат за механичка вентилација –респиратор наменета за скопската Клиника за инфективни болести.

– Опремата во консултација со Министерството за здравство беше посочена како неопходна за третирање на заболените од Ковид-19 кои покажуваат потешки симптоми на болеста. Банката го исплати износот за набавка и испорака кон добавувачот, кој прави максимални напори апаратот да пристигне деновиве, по што ќе биде предаден на располагање на Министерството и Клиниката, се наведува во соопштението на „Стопанска банка“.

Банката изразува надеж дека донацијата ќе помогне во овој заеднички предизвик и дека сите граѓани со разумно и совесно однесување ќе придонесат кон побрзо и полесно надминување на состојбата.

– Пандемијата на Ковид-19, новиот корона вирус, предизвикува нестандарден притисок врз здравствениот систем и здравствените работници. Оттука, најголема поддршка е потребна токму за нив и нивната пожртвуваност во грижата за заболените и спречување на ширењето на болеста, се истакнува во соопштението на „Стопанска банка“. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Владата не е против зголемување на минималната плата, но тоа мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавачите

Одржана седница на Комитетот за финансиска стабилност: Финансиската стабилност е зачувана

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ