Утрински Весник
Економија

Стомнароски: Почнавме преговори со откупувачите, ќе има зголемени цени на тутунот

Стомнароски: Почнавме преговори со откупувачите, ќе има зголемени цени на тутунот

Прилеп, 29 февруари 2020 (МИА) – Сојузот на земјоделските здруженија ги почна разговорите со откупувачите за повисоки цени по класи за новата реколтата тутун. Ова беше најавено при денешната посета на откупниот пункт во Прилепскиот тутунски комбинат.

Според Методија Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија, до откупот на новата реколта сигурно ќе има зголемени цени, бидејќи во досегашните преговори веќе некои компании покажаа интерес.

-Во преговори сме со откупните претпријатија и некои компании веќе покажуваат интерерс за покачување на цените по класи. До почетокот на наредниот откуп сите компании ќе ги искординираме и ако пролетва со договорите тоа не се случи, со анекс во нив ќе бидат внесени промените, па до почетокот на наредниот откуп сигурно е дека цените ќе бидат зголемени, изјави Стомнароски.

Од Сојузот најавија и промена на Правилникот за тутун  за да има само четири класи.

– Во соработка со Министерството и со откупувачите ќе направиме работна група за промена на правилниот за тутун и мострите ќе бидат изменети. Ќе има четири класи, а нашиот предлог за новите цени е: 300 денари за прва, 220 за втора, 180 за трета и 90 денари за килогранм тутун  од четврта класа, рече Стомнароски.

Кирил Станкоски, директор на Приелпскиот тутунски комбинат, како откупувач вели дека се вклучени и се надева дека ќе има заеднички став на задоволство на двете страни.

-Деветте откупни компании и ние како Прилепски тутунски комбинат сме дел од разговорите и преговорите за новите договори за годинашнава реколта тутун. Минатата недела во Стопанската комора ги започнавме преговорите, а потоа во Министерството за земјоделство ќе биде медијацијата и се надевам дека со претставниците на тутунопроизводителите ќе најдеме заеднички „јазик“ околу постигнување цени за новата реколта тутун, рече Станкоски.

Годинава производителите директно ќе склучуваат договори со откупувачите по решението што ќе го добијат од подрачните единици на МЗШВ, зашто се укинати белите картони. ем/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен

Стојаноски: СДС единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст