Утрински Весник
Свет

Столтенберг ја откажа посетата на Берлин, причина – болест

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја откажа денешната посета на Берлин, при што требаше да се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Генералниот секретар не извести дека ненадејно ја откажал посетата на Берлин“, соопшти германското Министерство за одбрана.

На генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, му е дијагностициран херпес, поради што ќе одржи разговори на далечина во Германија и Романија, изјавил денеска претставник на Алијансата.

„Генералниот секретар ќе ја спроведе својата планирана посета на Германија и Романија, но на далечина, не лично“, изјавил функционерот за Ројтерс.

Тој додал дека на шефот на Алијансата му е дијагностициран херпес, односно вирусна инфекција на кожата, што е честа појава по прележан Ковид-19, а тој ќе работи од дома. Столтенберг беше позитивен на коронавирусот во средината на мај. Тој во тоа време покажувал благи симптоми и работел од дома, изјавил портпаролот на западната воена алијанса.

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад