Утрински Весник
Свет

Столтенберг: Русија мора да избере помеѓу дипломатија или конфронтација

Столтенберг: Русија мора да избере помеѓу дипломатија или конфронтација

Русија мора да избере помеѓу дипломатско решение за кризата околу Украина или соочување со економски санкции од Западот и зголемено воено присуство на силите на НАТО во источните земји на Алијансата, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Русија има избор: можат да изберат дипломатско решение, но ако изберат конфронтација, ќе платат висока цена“, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со британскиот премиер Борис Џонсон во Брисел, пренесува Ројтерс.

Тој предупреди дека ќе има економски санкции и зголемено воено присуство на НАТО во источниот дел на Алијансата и дека Велика Британија е навистина важен дел од тоа.

Можете да прочитате

Германскиот автомобилски сектор ќе изгуби 225.000 работни места

Украински напад врз руски нафтен терминал

Силен руски напад врз Украина, осум мртви, 11 ранети