Утрински Весник
Спорт

Стоилов: Вардар не е ист со и без Кристопанс, сега „виси“ и титулата во домашниот шампионат

Стоилов: Вардар не е ист со и без Кристопанс, сега „виси“ и титулата во домашниот шампионат

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Ракометарите на Вардар претстојниот викенд ги очекува можеби клучниот натпревар за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите. Капитенот Стојанче Стоилов најави игра на победа против Мотор Запорожје и покрај тешката ситуација во која се наоѓа Вардар поради финансиската криза.

– Си замина клуче играч. Вардар не е ист со, и без Кристопанс. Наше е да се бориме, да пробаме да победиме. Ова можеби се последните натпревари за нас тука. Нас никој ништо не ни кажува. Ние сме европски шампион. Односот спрема нас е смешен. Ќе видиме што ќе се случи. Наше е да дадеме се од себе, да го победиме Мотор, но реално сега каква што е работата, во прашање е доведена и титулата во Македонија, истакна Стоилов.

Натпреварот Вардар – Мотор Запорожје се игра в сабота во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:30 часот. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Велс минимално го совлада Лихтенштајн, македонската репрезентација со реми во Кардиф ќе обезбеди бараж

Квјат загуби од беспилотно возило во трката „Вештачка интелигенција наспроти човек“

Синер прв финалист на Завршниот АТП турнир