Утрински Весник
Македонија

Стоилковски: Премногу е, 5 милиони евра за 4 години!

„Над 5 милиони евра се дадени на тендери во шемата ќерка на татко! Над 5 милиони евра чинат набавките од Клиниката за хематологија, со директор Пановска, до приватната компанија Пановски, во период од 4 години, од летото 2018 до последниот договор сега на 6 јуни!“ обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој пред скопскиот Клинички центар изјави дека „нема за нова болница во Штип, нема за нова клиника во Скопје, ама има 5 милиони евра, директорка да даде на своја семејна фирма“.

„Ова е срамен скандал, нечовечки скандал, ова е директна одговорност на ЈО и ДКСК, коишто веќе 4 години имаат отворени предмети за овие тендери! Предметите се јасни, има влијание, има конфликт на интереси, јавна установа набавува од семејна фирма на директор! Ова е утврдена корупција којашто се повторува само и само заради неказнивост и молк на институциите. Молкот не е опција. Премногу е! Протест за промени, во сабота во 20 часот пред Влада!“ порача Стоилковски.

Можете да прочитате

(Видео) Проработе ,,Евзони” километарски колони за влез во Македонија

АА на Села ќе одржи партиско собрание на 27 декември

Британски медиуми: Македонија ќе добие до 20.000 фунти за еден мигрант