Утрински Весник
Магазин

Стоечки овации, солзи во очите: Мет Дејмон на премиерата на „Стилвотер“ во Кан

Стоечки овации, солзи во очите: Мет Дејмон на премиерата на „Стилвотер“ во Кан
Dik 300x250 mk

Мет Дејмон  присуствуваше на премиерата на неговиот најнов филм„Стилвотер“ на Канскиот филмски фестивал. По прикажувањето на филмот, публиката избувна со аплаузи и 5-минутни овации.

Американскиот актер не можеше да ги задржи своите емоции по ваквата реакција на публиката на престижниот филмски фестивал на југот на Франција

На клипот споделен на Твитер од страна на извршниот уредник на „Вараети“, Рамин Сетоде, Дејмон се гледа како се смее со солзи во очите додека реагира на бурните овации.

Stillwater е сторија за татко кој патува од Оклахома во Франција за да ѝ помогне на својата ќерка откако е обвинета за убиство. Базиран на случајот „Аманда Нокс“, во филмот Дејмон се појавува како Бил Бејкер, работник во нафтената индустрија кој живее во Стилвотер, Оклахома. Неговата отуѓена ќерка (Абигејл Бреслин) студира во Марсеј, кеде е уапсена и обвинета за убиство на нејзината другарка.

Американските  шоубиз медиуми ја пренесоа веста дека филмот беше поздравен со стоечки овации, што на главниот протагонист му донесе сатисфакција и гордост која резултираше со солзи во очите.

Можете да прочитате

Самоубиство на млада Тикток ѕвезда ја потресе јавноста: Почина Еман Атиенза 

Комарци првпат забележани на Исланд

Бела пилешка чорба – 24info.mk