Утрински Весник
Свет

Стејт департментот со остра порака до Путин: Веднаш престанете со ова крвопролевање!

Стејт департментот со остра порака до Путин: Веднаш престанете со ова крвопролевање!

Американскиот Стејт департмент го повика рускиот претседател Владимир Путин „веднаш да го запре ова крвопролевање и да ги повлече војниците од украинските територии“.

Во соопштението од Соединетите Држави се обвинува Русија дека извршила „целосен напад врз слободата и вистината на медиумите, блокирајќи го пристапот до независните вести, спречувајќи ги да емитуваат информации за инвазијата“.

Соединетите држави, исто така, соопштија дека Русија се обидува да ги задуши социјалните мрежи како Твитер, Фејсбук и Инстаграм, кои, според Стејт департментот, им овозможиле на милиони Руси пристап до независни информации и интерконекција со остатокот од светот.

Можете да прочитате

Роботакси „украло“ куфери, возилото Waymo отиде во друг град со багажот на патниците

Удвоен бројот на случаи на хантавирус во Аргентина

Директорот на СЗО: Ова не е нов Ковид