Скопје, 21 февруари 2020
ВМРО-ДПМНЕ е партија со долг од 8 милиони евра, а Христијан Мицкоски е стечаен управник на најнедомаќинската и најрасипничката партија.
11 години ВМРО-ДПМНЕ, предводена од диригентот Никола Груевски и извршителот Мицкоски ја пустошеше државата, ги задолжи и ги крадеше граѓаните.
За време на режимот бруто надворешниот долг на државава се зголеми за над 5 милијарди евра, од 2,5 милијарди евра во 2006 година на 7,7 милијарди евра во првиот квартал од 2017 година.
Во истиот тој период, додека граѓаните и државата осиромашуваа, ВМРО-ДПМНЕ изгради луксузен дворец, симбол на нивниот криминал и корупција.
Сега истата таа партија има долг од 8 милиони евра од кој, според сопствено признание голем дел е направен токму за време на претходното раковдоство.
Замислете, што би се случило кога овие недомаќини и расипници, извршителот Мицкоски и Груевски повторно би се доближиле до државниот буџет?!
Колку нови милијарди евра би ја задолжиле државата за нивните криминални проекти?
Затоа граѓаните на 12 април нема да дозволат Груевски и Мицкоски повторно да ја задолжуваат и ограбуваат на државата.
На 12 април граѓаните гласно ќе порачаат: режим и криминал никогаш повеќе!
Прес-конференција на Стефан Васев од СДСМ
___________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.