Утрински Весник
Македонија

Стевановиќ: Се што правевме беше пикот на Ковид-19 да биде поподнослив

Стевановиќ: Се што правевме беше пикот на Ковид-19 да биде поподнослив

Скопје, 24 април 2020 (МИА) – Ништо не може да се компарира со Ковид-19 и секој може да биде во ризик. Третманите се менуваат и дополнуваат според согледувањата кај нас и во светот, но не гледаме голема помош во механичката вентилација, порача вечерва директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ.

-Се што досега правевме беше пикот да биде поподнослив. Прашање е на време кога ќе дојде и се што правевме беше како здравствен капацитет да можеме да го поднесеме и да не ни се случи како во Италија пациенти да ни умираат по ходници. Такво нешто не ни се случи. Само малку да бевме попослушни ќе имавме помалку заболени, рече Стевановиќ во интервју за ТВ 24 и им порача граѓаните да се придржуваат на предложените мерки за заштита.

Според неа, ќе бидат потребни многу научни темелни истражувања за, како што рече, да му застанеме на патот на Ковид-19.

-Состојбата е сериозна, болеста е сериозна барем кај оној процент на пациенти кај кои таа така се манифестира. Затоа и мора да бидеме многу сериозни во превенцијата и во придружувањето на се она што велиме дека е мерка значајна за превенција од Ковид. Ниедна математика што колегите епидемиолози во своите системи и алгоритми се обидоа да проценат да го предвид нејзиното движење не може да биде точна доколку најголемиот дел од популацијата не се придржува на она што тие го препорачуваат. Едноставно е невозможно. Имате многу непознати за да направите алгоритам, да направите предвидување. И оттука кога ќе дигнеме раменици не дека не знаеме како тоа се прави, туку едноставно одговорот на популацијата ни ги менува математиките, рече Стевановиќ.

Апсолутно, додаде, респираторот не е лек, не е третман.

-Респираторот е можност да купи време за нас како лекари за пациентот во спроведувањето на третманите и во борбата на пациентот и со болеста и со оштетувањата што болеста ги направила во неговите бели дробови. Машината едноставно ни купува малку време. Она што го согледуваме ние на нашата клиника, тоа што го согледува светот во нивните центри е дека голема помош од механичката вентилација не гледаме, посочи Стевановиќ.

Нагласи дека во земјава се достапни сите терапии што се употребуваат во светот и додаде дека денеска е земена крвна плазма од двајца доброволни донатори со што е почнат процесот на лекување со крвна плазма. Очекува до понеделник да бидат готови првите примероци кои ќе бидат спремни за давање на пациенти. вј/ац/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути