Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Статистиката на денот за бројот на новозаболени од утре ќе се соопштува до 15 часот

МЗ: Нацрт текстот на Законот за лекарска дејност отворен за предлози од стручната фела, невладиниот сектор и граѓаните
Img 7972

Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Институтот за јавно здравје од утре, 31 март, ќе ја доставува статистиката на денот за бројот на новозаболени до 15 часот, за што веднаш ќе пратиме информација до медиумите, соопшти Министерството за здравство, посочувајќи дека е зголемен обемот на работа и информации и е сè поголем бројот на тестирања во повеќе лаборатории кои ги доставуваат своите извештаи до ИЈЗ.

-Правиме огромни напори навремено, транспарентно и точно да ја известуваме јавноста и да комуницираме со медиумите. Во овие моменти е неопходно е да имаме точни, проверени и прецизни податоци и за таа цел го поместуваме времето за известување. Прес-конференциите остануваат да се одвиваат на редовна основа за сите дополнителни информации и прашања од страна на медиумите. Нашата служба за Односи со јавност е максимално посветена да одговори на секое прашање во најкус можен рок и тоа ќе продолжи да го прави и во иднина, информира Министерството за здравство.

Министерството замолува за разбирање доколку во одреден момент недоволно брзо одговори и дека тоа е  најчесто така затоа што службите во здравствените институции кои треба да ги дадат информациите се преоптоварени со своите активности и не можат со очекуваната брзина да ги достават бараните информации. хс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

Филипче од Виница: Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму