Утрински Весник
Спорт

Стариџ по шест месеци замина од Трабзон поради обложување

Стариџ по шест месеци замина од Трабзон поради обложување

Трабзон, 2 март 2020 (МИА) – Даниел Стариџ по само шест месеци си замина од Трабзон. Деталите за изненадувачкиот прекин на соработката првично не беа познати, но неколку часа по веста за разделбата стигна објаснување.

Медиуми на Островот пишуваат дека поранешниот напаѓач на Ливерпул и на англиската репрезентација, кој летоска се пресели во Турција како слободен играч, е суспендиран на четири месеци забрана за вршење на било каква активност во фудбалот, бидејќи Фудбалскиот асоцијација (ФА) ја зголеми првобитната казна за прекршување на правилото за обложување.  

Стариџ по избивање на аферата беше казнет со 75.000 фунти и доби суспензија на шест недели бидејќи му давал инсајдерски информации на неговиот брат кој потоа се обложувал дали ќе направи трансфер во Севилја или не.

Од ФА сметаат дека изречената казна не е доволена, па сега ја дуплираа на 150.000 фунти и четири месеци суспензија што практично значење крај на неговиот тригодишен договор со Трабзон во кој имаше солидна полусезона. сѓд/  

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига

Фудбалерите на Лестер лудо го прославиле отказот на тренерот