Утрински Весник
Македонија

Негативни тестовите на коронавирус кај двајцата лекари кои се вратија од Мадрид

Потврден прв случај на коронавирус во земјава

Скопје, 2 март 2020 (МИА) – Резултатите на двајцата лекари кои во саботата се вратиле од конгрес во Мадрид се негативни на коронавирус. По тестирањето на Клиниката за инфективни болести тие ќе останат во домашна изолација во наредните 14 дена, соопшти Министерството за здравство.

Од Министерството посочуваат дека Светската здравствена организација вчера ги известила дека во текот на вчерашниот ден кај еден од предавачите на конгресот било утврдено дека е заболен од коронавирус.

-Тестовите на еден кинески државјанин, кој денеска пристигнал на Скопскиот аеродром и кој иако немал симптоми аеродромските служби го изолирале и веднаш го контактирале Институтот за јавно здравје бидејќи доаѓа од Кина, и на еден наш државјанин, студент во Италија, се негативни на коронавирус. Продолжуваме да ја информираме јавноста и апелираме до граѓаните да ги почитуваат и спроведуваат препораките на СЗО за заштита од коронавирус, стои во соопштението од Министерството за здравство. рп/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сулејмани и Ерсој во Анкара: Нови можности за соработка во културата и туризмот

Сузбиена криминална група за криумчарење стоки, поднесена кривична пријава против осум лица, одземени над 100.000 евра, лекови, суплементи и други предмети

Во Тетово уапсени две лица за посредување при вршење проституција