Утрински Весник
Култура

Старите занаети во фокусот на самостојната изложба на Коста Дупчинов

Старите занаети во фокусот на самостојната изложба на Коста Дупчинов

Вечерва (петок) со почеток од 18 часот во Кинотеката на Северна Македонија ќе биде отворената втората самостојна изложба на фотографот Коста Дупчинов „Носталгија – втор дел“. Изложбата на уметнинички фотографии тематски е продолжение на првата изложба „Носталгија“ пред неколку години, а овој пат фокус на Дупчинов се старите занаети . Станува збор за 34 фотографии испечатени на фото платно.

Колекцијата на фотографии е составена од моменти и емоции доловени преку уметничка фотографија. Портрети на херои на едно време, занаетчии и нивните дела. Додека нивното време минува, нивните дела и занаети остануваат безвременски, со носталгичен став гледаат кон минатото. Овие занаети се инструментални за многу заедници низ историјата, а услугата што им ја прават на луѓето е немерлива, но за жал, умира во нашиот современ свет. Овие портрети зборуваат токму за тие занаетчии, фатени во околината на работата на нивните животи. Единствените занаети за кои ги поминале нивните животи сега стануваат минато, со моќно чувство на носталгија што нè тера да сакаме овие занаети никогаш да не завршат.
Проектот е поддржан од Министерство за култура на РС Македонија.

Коста Дупчинов е роден во 1985 година во Битола, каде живее и работи. Дипломира на Технички Факултет Битола на отсек Информатика и Компјутерска Технологија. Трета година на постдипломските студии на ЈНУ Институт за Филм, Филмска академија Охрид, отсек Кинематографија.

Неговата љубов за фотографија започна од најрана возраст, инспириран од неговиот дедо кој често го гледаше како фотографира и развива фотографии. Професионално се занимава со фотографија од 2006 година, како фотограф во фото студио во Битола, а исто така во тој период работи и како камерман за националната телевизија Канал5. Во 2011 како еден од основачите на Фото Кино Клуб Битола започнува со учества на меѓународни и државни изложби. Има учествувано на повеќе од 70 изложби каде има освоено околу 20 награди и признанија. Неколку години неговите фотографии се дел од колекцијата која ја претставува Македонија на ФИАП Светскиот куп на фотографија.

Неговата прва самостојна изложба „Носталгија“ во 2017 беше изложена во неколку градови во Македонија и беше дел од неколку филмски фестивали, а исто така како дигитална презентација во неколку земји во светот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“