Утрински Весник
Спорт

Станковиќ: Дали сум вистинскиот тренер за Црвена звезда?

Дејан Станковиќ и од третиот обид нe успeа со Црвена звезда да избори пласман во фазата по групи во Лигата на шампионите. Црвена Звезда синоќа испушти предност од 2:0 и со автогол во 90. минута беше елиминирана од Макаби Хаифа.

dobivaj vesti na viber

Разочаран од елиминацијата, Станковиќ самиот се прашува дали е доволно добар тренер за Црвена звезда.

„Кога нема да го постигнете посакуваниот резултат тогаш се отвораат многу прашања. Дали јас сум воопшто тренер за Црвена звезда, дури и за клупата на Црвена звезда. Ако сум само јас виновникот за овој неуспех подготвен сум да ги сносам последиците. Немам проблем да прифатам каква било одлука на клубот бидејќи дадов сè од себе“.

Црвена звезда европскиот пат ќе го продолжи во Лига Европа. Противниците во групата ќе ги дознае в петок.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе