Утрински Весник
Македонија

Стаменковска – Стојковски: Заев вети намалување на бројот на министри, а си постави рекордни 25

Стаменковска – Стојковски: Заев вети намалување на бројот на министри, а си постави рекордни 25

Зоран Заев во 2016 година ветуваше намалување на бројот на министри на 20, а откако седна во премиерската фотелја си постави 25, обвини дополнителната заменик министерка за информатичко општество и администрациј, Невенка Стаменковска Стојковски.

„Предизборно Заев зборуваше и за преобемна администрација, а во неговиот мандат не само што не ја намали, туку создаде рекордно најголем број вработени во јавниот сектор. Пред да стане премиер, јавниот сектор во Република Македонија имаше 128.722 вработени лица. Овој број на почетокот на 2020 година изнесува 134.900. Никогаш Македонија немала толку многу вработени административци, како што е тоа под раководство на СДСМ“, рече таа.

Според Стаменковска – Стојковски, Заев ветувал реорганизација на јавниот сектор и намалување на бројот на институции, а во неговиот мандат и бројот на институции се зголемил.

„На крајот на 2017 година во Македонија имало 1.299 институции, а со СДСМ на власт овој број на почетокот на 2020 година изнесува 1.324 институции. Тоа се уште 25 директорски места, канцеларии на директорите, шофери, лични асистенти, службени возила на трошок на граѓаните. Зоран Заев докажано прави спротивно на се она што предизборно го ветува. Токму затоа, никој повеќе не верува во неговите зборови. На 15 јули граѓаните на Република Македонија ставаат крај на лагите и измамите на СДСМ. Граѓаните избираат обнова“, вели Стаменковска – Стојковски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер