Утрински Весник
Македонија

ССНМ повторно го отвори конкурсот за „Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“

ССНМ повторно го отвори конкурсот за „Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“

Скопје, 18 јуни 2020 (МИА) – По прекинувањето на конкурсот поради пандемијата, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници повторно го отвара конкурсот за истражувачки стории од земјите на Западен Балкан и Турција за годишната „Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“.

На конкурсот може да се пријават сите новинари кои објавиле истражувачки стории во периодот од 1 јануари до 31 декември 2019 година, поврзани со следните теми: слобода на изразување, владеење на право, транспарентност, злоупотреба на моќта и основни човекови права, корупција и организиран криминал.

Наградниот фонд за 2020 година во Република Северна Македонија (за новинарски производ објавен во 2019) изнесува 10.000 евра. Првата награда изнесува 5.000 евра, втората 3.000 и третата 2.000 евра.

На конкурсот може да се пријават поединци или групи на новинари со свои дела од сите новинарски форми (печат, онлајн, радио и ТВ) објавени или емитувани во медиумите во Република Северна Македонија на македонски, албански, на некој од јазиците на заедниците или на некој од светските јазици .

Критериумот за учество е сториите со кои се аплицира да биле објавени во печатен, онлајн, радио или телевизиски медиум во календарската 2019 година .

– Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“ на Западен Балкан и Турција има за цел да ги истакне и промовира извонредните постигнувања на истражувачките новинари како и да ја подобри видливоста на квалитетното новинарство во земјите од Западен Балкан и Tурција, информираат од ССНМ

Наградата е продолжение на регионалната „Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“ во земјите од Западен Балкан и во Турција и е дел од тековниот проект „Зајакнување на квалитетните вести и независното новинарство во земјите од Западен Балкан и во Турција“ администриран од Балканската истражувачка репортерска мрежа (БиХ) во партнерство со седум медиумски организации. Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници како член на конзорциумот, ќе ги координира активностите поврзани со конкурсот во Северна Македонија.

Организациите вклучени во проектот имаат екстензивна експертиза во областа слобода на медиуми и локално и на меѓународно ниво се препознаени како силни независни медиумски организации .

Жири комисијата за „Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“ е составена од експерти за медиуми, некои од нив и од проектниот конзорциум. Други пак се избрани од широката мрежа на контакти која ја имаат членките на конзорциумот, како што се уредници, универзитетски професори и искусни и наградувани новинари.

Рок за пријавување: 17 јули 2020, 24:00. Апликациите се испраќаат исклучиво по електронска пошта на ssnm.info@gmail.com. За повеќе детали контактирајте го Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници: ssnm.info@gmail.com или +389 70 398 446. Формуларот за аплицирање е достапен на следниов линк. Упатството за аплицирање е достапно на следниов линк. оџ/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Димитриевски: Времето на етнизација и поделби по етнички клуч треба да биде минато, „Вреди“ собира евтини политички поени

Полициските хеликоптери фрлија над 110 тони вода врз пожарите во Старо Нагоричане и светиниколско

ВРЕДИ го брка ЗНАМ од Владата?