Утрински Весник
Македонија

ДУИ за фер и демократски избори како што и прилега на членка на НАТО и на кандидат за влез во ЕУ

Демант од ДУИ

Скопје, 18  јуни 2020 (МИА) – Со ставањето потпис на Кодексот за фер и демократски избори ДУИ праќа јасна порака и до гласачите и до сите политички учесници дека изборите мора да бидат фер и демократски, како што и прилега на една демократска држава веќе полноправна членка на НАТО и речиси членка и на ЕУ, изјави денеска по потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори кандидатката за пратеничка во Изборната единица 1, Шермин Мамут.

-ДУИ во оваа кампања ќе излезе со конкретна програма како што и веќе е почната и секако дека ќе се обидеме да им објасниме на сите зошто треба гласот токму треба да го даваат на ДУИ и секако нивната доверба. Кампањата ќе биде секако презентирајќи ги сите проекти кои се за доброто на сите граѓани во Република Северна Македонија и секако дека ќе се обидеме кампањата да биде премногу позитивна, фер и демократска, изјави Мамут.

Кандидатката за пратеничка на ДУИ истакна дека тие ќе се обидат да бидат до граѓаните, но и дека нема да заборават и на опасностите кои доаѓаат од пандемијата со Ковид – 19.

– За жал под овие услови ќе мора да ја тераме оваа кампања, така што ќе се обидеме да бидат заштитени во целост сите граѓани во РСМ и во текот на кампањата и во текот на изборниот процес во деновите за гласање, истакна таа. ев/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нов пожар кај Стенковец, црн чад се шири кон Скопје

Голем пожар кај Милетино, во Скопје се чувствува чадот од огнот кај Чучер Сандево

Од Македонија до Лос Анџелес: „Приказната за Силјан“ со две номинации за Emmy Awards