Утрински Весник
Македонија

ССНМ: Имаме право да известуваме, но и да имаме став

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

По сè зачестените напади и континуирано деградирање на позицијата на новинарите и медиумските екипи за време на протестите Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) смета дека е неопходно уште еднаш да ја нагласи потребата тие да бидат почитувани и заштитени. Тоа го очекуваме и од припадниците на МВР, од институциите, од партиите, но и од самите учесници на протестите, соопштуваат од Синдикатот.

dobivaj vesti na viber

„Новинарите, фото и видеорепортерите се таму на нивното работно место и нивна задача е да информираат за тоа што се случува. Воедно, новинарите се учесници во јавната дебата и како такви имаат право да промислуваат, коментираат и аргументираат свои ставови без при тоа да бидат предмет на етикетирања и деградирања. Секој напад на новинар и медиумска екипа е напад врз јавноста и јавниот интерес, напад против правото на слобода на изразување, напад против демократијата, но и против пристојноста и цивилизациските вредности. Оттаму, секој таков напад најмногу го легитимира оној што го спроведува, како насилник и недемократ“, стои меѓудругото во соопштението на ССНМ.

Оттаму посочуваат дека „историски гледано со пократок рок се токму насилниците и недемократите. Без оглед на гласноста на улица и на социјалните мрежи – нивното време истекува“.

Можете да прочитате

(Фото) Скопје ја дочекува Новата 2026 година со полн плоштад

Принцеза ја отвори 2026 година на ГАК

Мицкоски и Ѓеорѓиевски ја дочекаа Новата година со граѓаните на плоштадот во Скопје