Утрински Весник
Македонија

ССНМ, ЗНМ и СЕММ со десет прашања до политичките партии кои ќе учествуваат на изборите

ЗНМ и ССНМ: Итни субвенции по вработен новинар/медиумски работник во висина на минимална плата или ослободување од плаќање придонеси

Скопје, 24 јуни 2020 (МИА) – Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) во пресрет на изборната кампања ќе упатат десет прашања до политичките партии и коалиции кои ќе настапат на предвремените парламентарни избори.
– Со години забележуваме примери на непринципиелен однос на политичарите кон медиумите и новинарите, што нè исправило пред дилемата: дали најголем дел од политичарите знаат каква е улогата на новинарите и медиумските работници и кое е нивното значење за демократијата?, велат од трите здруженија.
Во следните десет дена јавно ќе поставуваат по едно прашање. Дел од прашањата ќе се однесуваат на ставовите на политичарите за реформите во медиумскиот сектор, гледиштата кон новинарството и идеите што ги имаат околу создавањето на услови за развој и слободно дејствување на професионалните новинари и медиумски работници, односно за точно, навремено и објективно известување.
– Очекуваме политичките чинители во изборите кои се сериозни да дадат искрени одговори кои понатаму ќе можат и да ги спроведат, а со цел подобрување на слободата на изразување и независноста на медиумите во нашата земја. Во наредните девет дена секојдневно и јавно ќе поставуваме по едно прашање со цел подигање на свеста за тоа што значи новинарството во едно демократско општество.

Новинарството е јавно добро и заслужува да добие таков третман, бидејќи нема демократска држава без професионално новинарство и добро информирани граѓани, истакнуваат од здруженијата.

Прашање кое го упатуваат до политичарите е да кажат што за нив претставува новинарството, како планираат да го поддржат професионалното новинарство на долг рок, што ќе направат за подобрување на независноста на финансирањето на МРТВ, за подобрување на безбедноста на новинарите, за поттикнување на колективното преговарање во медиумите…. бак/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Автобус се запали во Бутел

Сметките за парно во Скопје од 1 август ќе бидат пониски за 3,16 отсто

Бектеши ја објави пораката за кој доби кривична пријава, смета дека станува збор за политички прогон