Утрински Весник
Македонија

ССМ пред Собранието: Ако не се зголемат платите во јавниот сектор ќе бараме оставки

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) на првиот ден од генералниот штрајк со кој работниците во јавниот сектор бараат поголеми плати, на булеварот пред Собранието утрово постави 120, по едно за секој пратеник.

Синдикалците бараат зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2.806 денари и утврдено право на регрес за годишен одмор во висина од 30 до 100 отсто од основицата.

Пред Собранието свое обраќање имаше и претседателот на ССМ, Дарко Димовски кој побара поддршка од народните претставнци за поднесениот амандман, како што рече, сега и веднаш, односно почнувајќи од 1 јули.

„Тие пари ни се неопходни поради сè ова што ни се случува, двоцифрена инфлација, ценовни шокови, најавена енергетска криза и поскапување на струјата.

Сите оние кои нема да го поддржат ова наше барање во интерес на работникот, наше легитимно право како претставници на работниците, е од нив да побараме оставка“, предупреди Димовски.

„Ние сме ги избрале тие пратеници за да ги унапредуваат и чуваат нашите права и да ни излезат во пресрет сега кога ни е најпотребно. Другари пратеници, другари од власта, од локалната самоуправа сериозно сфатете си ја работата, работникот денеска се бори за егзистенција“, нагласи претседателот на ССМ.

Синдикатите утре протестот ќе го преселат пред Владата, каде со 21 празно столче, за секој министер, ќе го блокираат сообраќајот на булеварот „Илинденска“.

Можете да прочитате

Од невремето 117 оштетени возила и 189 паднати дрвја само во Скопје

ЦУК затрупан со повици – над 8.300 пријави за само четири часа по невремето

УХМР предупредува: Невреме со дожд и силен ветер се приближува кон Македонија