Утрински Весник
Економија

ССК: Новите рестриктивни мерки за угостителскиот сектор се селективни и непрецизни

Пријава за тетовец чиј угостителски објект работел и покрај забраната

Туристичко-угостителската комора на Македонија истакнува дека новите рестриктивни мерки кои ги усвои Владата се селективни и непрецизни поради што се доведува во прашање ефектот кои тие треба да го постигнат. ТУК досега ги поддржуваше сите здравствени мерки кои придонесуваат за намалување на последиците од пандемијата и активно го промовираше почитувањето на протоколите за работа, но сега смета дека единствен ефект од новите решенија ќе биде драматично влошување на состојбата на угостителскиот сектор.

„Повеќе пати досега беше изнесено барање Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство да презентираат епидемиолошки анализи кои ќе покажат дека угостителството е поголема причина за ширење на заразата, отколку некои други сектори како меѓуградски и градски транспорт, работа на шалтери, работа во големи работни колективи, партиски активности. Досега не се презентирани такви податоци, поради што мора да заклучиме дека угостителството е избрано за рестрикции како пример за пред јавноста, поради немањето желба или можност власта да се справи со други жаришта. Највидлив пример за несоодветното однесување на надлежните институции е нереагирањето на прославите кои беа организирани во партиски штабови надвор од сите протоколи, без дистанца и со блех музика.

Мерките се непрецизни, бидејќи не е јасно на кои угостителски објекти се однесува. Да потсетиме дека кога претходно имаше рестрикции Државниот пазарен инспекторат толкуваше дека тие ги вклучуваат и хотелите. Исто така саканиот ефект, сузбивање на епидемијата, сметаме дека нема да се постигне и доколку угостителските објекти работат ограничено додека другите сектори функционираат редовно. Во такви улови луѓето само ќе се префрлат од угостителските во другите објекти кои работат. Исто така нејасно е и каков ефект ќе даде ограничување на работењето на угостителските објекти во земјава, ако не се забрани патување во странство.Сакаме да нагласиме и дека неопходно е воведувањето на дополнителни рестриктивни мерки да биде паралелно проследено со обезбедување на соодветни економски мерки за поддршка на секторот“, се вели во соопштението на Сојузот на стопански комори.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Денови на финансиска писменост – 24info.mk