Утрински Весник
Економија

ССК и Македонскиот полициски синдикат заеднички против сивата економија

ССК и Македонскиот полициски синдикат заеднички против сивата економија

Скопје, 25 јуни 2020 (МИА) – Создавање платформа за заедничко делување и заеднички настап пред релевантните институции, е целта на Договорот за соработка што го потпишаа денеска Сојузот на стопански комори на Македонија и Македонскиот полициски синдикат – Скопје.

Како што беше речено на прес-конференцијата по овој повод, соработката ќе стави посебен акцент на воспоставувањето систем за владеење на правото и сузбивање на сивата економија.

– По примерот на европските земји, деловната заедница обединета во ССК, ја зацврстува соработката со Македонскиот полициски синдикат. Бројни се полињата за заедничко делување. Нашите заложби ќе бидат насочени кон воспоставување систем за владеење на правото и сузбивање на сивата економија. Институционално ќе делуваме заеднички за унапредување на демократските процеси, рече потпретседателот на Сојузот, Драган Митковски.

Тој се осврна и на општествената одговорност, напоменувајќи дека компаниите на овој сегмент посветуваат големо внимание посебно сега, во услови на криза, кога конкретно за полициските службеници обезбедија заштитни средства.

Според претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Марјан Кицев, соработката со ССК почнува со фокус на владеење на правото и унапредување на демократските процеси.

-Очекуваме нашата соработка да поттикне крупни општествени промени и да биде пример за успешност, вреднуван од институциите, истакна Кицев. мч/сп/

Прес ССКМ и Македонски полициски синдикат

Posted by MИА.mk on Четврток, 25 јуни 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија