Утрински Весник
Спорт

Срушен светски рекорд, Миура заигра во Џеј лигата со 53 години, 6 месеци и 28 дена!

Срушен светски рекорд, Миура заигра во Џеј лигата со 53 години, 6 месеци и 28 дена!
Dik 300x250 mk

Симболот на долговечност кога станува збор за фудбалот и тоа оној професионалниот се поврзува со името на Јапонецот, Казујоши Миура.

Тој денеска постави светски рекорд затоа што за својот тим, Јокохама настапи на гостувањето против Кавасаки со полни 53 години, 6 месеци и 28 дена.

Фасцинантно изгледа податокот дека Миура во шестата деценија од животот се уште настапува во Џеј лигата.

Со ова, тој стана најактивниот фудбалер во првите лиги во целиот свет. На претходните 17 меча најголем дел од времето го помина на клупата за резерви, но против Кавасаки доби шанса во почетниот состав. Не постигна гол, иако досега во кариерата има 221.

Интересен е податокот дека Миура на теренот бил во 5 децении. Во осумдесетите играл за Сантос и Палмеирас, во 90-тите за Џенова, Динамо Загреб, во 20-тите за Висел Кобе, а од 2005 година е во Јокохама.

Интересен е податокот што освен него, Јокохама во првите 11 на денешниот меч имаше уште двајца ветерани – Шенсуке Накамура со 42 и Даисуке Мацуи кој има 39 години.

> Срушен светски рекорд, Миура заигра во Џеј лигата со 53 години, 6 месеци и 28 дена! <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ФФМ ја пофали употребата на ВАР на натпреварот Вардар – Силекс

Србија меѓу кандидатите за финалето на УЕФА Лига Европа

Околу 150 турски фудбалски судии суспендирани поради обложување