Утрински Весник
Економија

„Српски Телеграф“: Србија дозволи извоз на брашно во Северна Македонија

Османи, Димковски и Бабовски во посета на компанијата Бесо интерком „Млин Полог“

Белград, 20 март 2020 (МИА) – Влада на Србија официјално дозволи извоз на брашно во земјите од регионот, меѓу кои и во Северна Македонија, објави денеска белградскиот весник „Српски Телеграф“.

Како што јави допсиникот на МИА од Белград, српскиот претседател Александар Вучиќ вчера на прес-конференција најави дека и покрај привремената Одлука на властите во Србија за забрана на извоз на основните прехранбени производи поради епидемијата на коронавирусот и воведената вонредна состојба, сепак ќе им се излезе во пресрет на барањата на земјите во регионот, пред се на Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, за извоз на брашно во тие држави.

Како што пишува „Телеграф“, српската Влада го дозволила извозот на брашно, што е потврдено и во „Службениот гласник“ на Србија.

– Од Одлуката за забрана е избришана ставката „брашно од пченица“, која се наоѓаше меѓу останатите 36 други ставки, наведува „Српски телеграф“. об/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Зголемено количеството на превезената стока во товарниот патен превоз

ТИТАН УСЈЕ одбележа 70 години од своето основање – седум децении раст, иновации и одржлив развој

Раст кај потрошувачки и станбени кредити, пад кај автомобилските кредити