Утрински Весник
Свет

Српски министер: Имаме 900 пациенти во ковид-болницата, ова не може да се опише

Српски министер: Имаме 900 пациенти во ковид-болницата, ова не може да се опише

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар ја посети ковид-болница во Батајница, каде што во моментов се згрижени 900 пациенти. Тој рече дека состојбата во црвената зона не може да се опише и апелираше до сите да ги почитуваат мерките за да се спасат животи, да се спаси здравствениот систем и што е можно побрзо враќање на сите во нормала.

Директорката на болницата, д-р Татјана Аџиќ-Вукишевиќ вели дека е забележан огромен број на приеми во последните 10 дена.

Златибор Лончар влезе во црвената зона каде што има позитивни ковид-пациенти, луѓе кои се борат за живот, затоа што, вели тој, чувствувал потреба да дојде и да обезбеди поддршка, пишува РТС.

„Во моментов имаме 900 пациенти тука, повеќе од 800 лекари и медицински сестри работат тука, заедно со помошен персонал … Сакав да поминам извесно време со нив и ќе доаѓам еднаш неделно да слушнам што друго можеме да направиме за да им помогнеме”, рече Лончар.

„Ситуацијата не може да се опише. Ќе продолжиме да се бориме и ќе им помагаме на луѓето на секој начин“, додаде Лончар.

Тој им порача на сите што мислат дека коронавирусот не постои и дека граѓаните не треба да се вакцинираат да се придржуваат до мерките и дека кога ќе видат како изгледа вистинска борба за живот, ќе сфатат дека не се во право.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Унгарски министер со години споделувал доверливи информации од ЕУ со Русија

Дали Јапонија ќе испрати воени бродови во Персискиот залив?

Либанскиот претседател ги осуди нападите врз земјата, стравува од инвазија