Утрински Весник
Магазин

Среќен роденден, Роберт Редфорд!

Среќен роденден, Роберт Редфорд!

Роберт Редфорд е фасцинантен од многу причини и на неговиот 84. роденден таблоидите откриваат зошто е прилично неверојатна личност.

За луѓето шот ја гледале неговата верзија на Големиот Гетсби или многу други постари блокбастери, секогаш ќе се сеќаваат на дискретниот шарм, но и на леснотијата со која ги пренесува сториите на ликовите што ги глуми.

Една од најдобрите работи во врска со Редфорд не е неговиот каталог на филмови – иако е високо на списокот – туку неговата посветеност на „Санденс“ и создавањето на филмскиот фестивал „Санденс“. Наречен по неговата иконска улога во Буч Касиди и Сандeнс Кид, во која глумеше заедно со неговиот вистински пријател Пол Њумен, филмскиот фестивал „Санденс“ е нешто што го одржува индискиот филм жив веќе некое време и нуди платформа на креативците, коментираат медиумите.

Холивудската легенда – актер, режисер и активист – глуми од својата 21. година. Актерската кариера ја почна во 1960 година и подоцна заработи четири номинации за „Оскар“, а престижната награда ја освои за режија за „Обични луѓе“ во 1981 година.

Редфорд доби почесен „Оскар“ во 2002 година.

Тој има легендарна кариера, глуми во класиците, како „Буч Касиди и Сандeнс Кид“ (Butch Cassidy and the Sundance Kid“, „Осило“ (The Sting) и „Сите луѓе на претседателот“ (All men’s President).

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 18 октомври: Близнаците пред спонтан план, Јарците да ги остават обврските за утре

ВЕРО Центар ја слави традицијата со манифестацијата „Домашно со љубов“

Мекиканец се обидел да прошверцува во Германија повеќе од 90 различни видови влекачи