Утрински Весник
Економија

Средствата за дезинфекција од “Алкалоид” со докажано дејство против Ковид-19

Средствата за дезинфекција од “Алкалоид” со докажано дејство против Ковид-19

По речиси цела година постоење на вирусот Ковид-19 (SARS-CoV-2 Severe acute respiratory syndrome coronavirus 2), додека науката сѐ уште бара начини за негово најефикасно третирање, јавните здравствени организации низ светот се едногласни околу препораките и мерките за заштита, базирани на механизмите на неговото пренесување: носење заштитна маска за лице; одржување физичка дистанца од минимум 1,5 метри и чистење/дезинфекција на површините и на кожата на рацете.

Засега е познато дека новиот вирус SARS-CoV-2 може да опстојува на површините и до 9 дена, притоа останувајќи инфективен. Затоа, одлуката за избор на средства за дезинфекција на рацете треба да се направи внимателно. Светските јавни здравствени институции [Светската здравствена организација (WHO), Американскиот центар за контрола на болести (CDC), Американската администрација за храна и лекови (FDA) и сл.] одобруваат ефикасност на биоцидните производи (дезинфекциски и антисептички средства) кои во својот состав содржат еден или комбинација од повеќе алкохоли (eтанол, 2-пропанол и/или 1-пропанол), со процентуална застапеност од 60 до 95 %. Големиот број студии содржат докази дека овие формулации се сметаат за безбедни и за ефикасни при уништувањето на вирусите (вклучително и SARS-CoV-2) и дека имаат висока микробицидна активност и дејство во рок од 30 секунди од нанесувањето.

Во согласност со консултираните научни студии и докази за ефикасноста на биоцидните средства на база на алкохол спрема SARS-CoV-2, направени од Светската здравствена организација, македонското Министерство за здравство ја потврди ефикасноста на следниве биоцидни производи на „Алкалоид“ АД Скопје: Medical® (гел и полиалкохолен раствор за дезинфекција на рацете) и Ecosal® (растворите за дезинфекција на раце forte, ultra, standard и active), кои во својот состав имаат минимум 70 % алкохол (етанол и/или комбинација од етанол, 1-пропанол и/или 2-пропанол).

Овие производи имаат примена во хуманата и во ветеринарната медицина, индустријата, угостителството, во хотелиерството, за одржување јавна и лична хигиена и слично.
Гелот Medical® и полиалкохолниот раствор за дезинфекција на рацете, како и растворите за дезинфекција на рацете Ecosal® (forte, ultra, standard и active) се готови за употреба.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Левица: Власта со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Речиси целосно искористени средствата од унгарскиот кредит наменети за поддршка на домашните компании, премиерот задоволен од инвестицискиот раст

Митреска: Монетарната политика на Народната банка ја поддржува ценовната стабилност во економијата