Утрински Весник
Македонија

Средношколците ќе се возат бесплатно и за време на летниот распуст

Овој летен распуст околу 23.000 средношколци ќе може да го користат јавниот превоз бесплатно заради посетување дополнителна настава, часови по практична настава, како и за посета на културни, спортски или други активности, денеска одлучи Советот на Град Скопје на 13-та седница.

dobivaj vesti na viber

Изминатите години бесплатниот билет им важеше само за време на учебната година, а за месеците од летниот распуст можеа да набават месечен билет по повластена цена, од 600 денари за користење на сите линии, за еден месец, односно за јули или август.

Со денешната одлука на Советот на Град Скопје ќе можат да се возат бесплатно, информираат оттаму.

Бесплатниот превоз важи за сите ученици од задолжително средно образование во средните училишта под ингеренции на Град Скопје, како и за оние што учат во државните средни училишта.

Можете да прочитате

Левица во посета на кубанската амбасада – Солидарност против империјалистичките притисоци

Македонија и ТУРКСОЈ потпишаа Меморандум за зајакнување на културната соработка

СДСМ: ОЈО веднаш да отвори предмет за Гувернерот и двајца Вицегувернери на НБМ