Утрински Весник
Македонија

Средба Пендаровски-Кривокапиќ: Двете држави споделуваат идентична цел – членство во Европската Унија

Средба Пендаровски-Кривокапиќ: Двете држави споделуваат идентична цел – членство во Европската Унија

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Црна Гора, оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Црна Гора, при што беше оценето дека се традиционално партнерски и пријателски, без отворени прашања.

На средбата беше истакнато дека двете држави, како сојузници во НАТО споделуваат исти вредности, и даваат придонес во унапредувањето на регионалната соработка. Исто така, двете држави споделуваат идентична надворешно-политичка цел – членство во Европската Унија.

Претседателот Пендаровски и премиерот Кривокапиќ разменија мислења за случувањата и состојбите во поширокиот регион, во контекст на руската агресија врз Украина.

Можете да прочитате

Генералниот секретар на СДСМ: Тошковски уште не поднесе оставка?

Левица: Министерството за одбрана лаже, најдобрите кандидати се подло одбиени

Пожар кај Долно Дупени, спасени се неколку куќи