Утрински Весник
Македонија

Средба Османи- Франкел: Разменети мислења за надворешнополитичките приоритети на двете земји

Средба Османи- Франкел: Разменети мислења за надворешнополитичките приоритети на двете земји

Министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со амбасадорката на Државата Израел со седиште во Ерусалим, Симона Франкел.

Министерот Османи изрази задоволство од развојот на билатералните односи меѓу двете земји, засновани на меѓусебна доверба и почит, со посебен акцент на потребата за интензивирање на економската соработката и трговската размена.

Воедно, соговорниците изразија задоволство од неодамнешното полноправно членство на Република Северна Македонија во Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот.

На разговорот, беа разменети и мислења за надворешнополитичките приоритети на двете земји, како и за актуелните меѓународни прашања и регионални теми.

Можете да прочитате

Касами ја честита победата на Косово, жали за поразот на Албанија, а за мечот на Македонија ниту збор

Фрчкоски: Дубаи, Африка, Харис Џиновиќ – дефокусот на ВМРО не ги решаваат скапите сметки и кризата

Салаи: Без политичка волја нема борба против корупција