Утрински Весник
Македонија

Средба на Спасовски со Извршниот директор на полициските служби при Интерпол

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска беше домаќин на Извршниот директор на полициските служби при Интерпол, Стефан Кавано.

Како што информираат од МВР, на средбата Спасовски истакнал дека соработката меѓу Република Северна Македонија и Интерпол ќе биде продлабочена во секој облик во иднина.

„Извршниот директор на полициските служби при Интерпол се заблагодари на поканата и од име на Генералниот Секретар г-динот Јирген Сток и изјави дека Северна Македонија не е само кредибилен партнер, туку е лидер во регионот за соработка во областа на сузбивање на криминалот и подобрување на безбедноста. Потенцираше дека поддршката што ја даваме за размената на податоци е важна за глобалната безбедност и за сите 195 земји членки на Интерпол, жртвата што ја прави Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија со отстапување стручен кадар за придонесување на развој на активностите на Интерпол се вреднува од самата организација.

Извршниот директор напомена дека Северна Македонија е мост на Западен Балкан и дека сакаат да ги интензивираат идните активности во земјата, при што зрази благодарност за нашата спремност за организација на Европската Регионална Конференција, а понатаму, даде и поддршка за развој, поврзување и усогласување на националниот форензички систем со системите на Интерпол“, се наведува во соопштението на ресорното министерство.

Можете да прочитате

Додека пожарите беснеат, Мицкоски на партиска трибина во Куманово

Вајц до бугарска новинарка: Треба да се информирате и малку да промислите за тоа што го зборувате

Активиран Кризниот штаб во Аеродром, апел за внимателност