Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на вооружените сили Италија

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на вооружените сили Италија
300x250 opst2

Скопје, 18 февруари 2020 (МИА) – Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска прими делегација на вооружените сили на Република Италија, предводена од генерал Енцо Вечиарели, началник на Генералштабот.

Претседателот Пендаровски, стои во соопштението од неговиот кабинет, истакнал дека ја цени досегашната соработка помеѓу македонската и армијата на Италија.

На средбата Пендаровски посочил дека очекува соработката на одбранбен план меѓу двете држави уште повеќе да се интензивира со полноправното членство на Северна Македонија во НАТО Алијансата.

Шефот на државата Пендаровски подвлекол дека за припадниците на македонската армија од особена важност е да продолжи нивната доедукација и посетување тренинзи за усовршување на техниките во рамки на образовните институции во Италија.

– Посочувајќи дека и нашата земја и Армијата можат да понудат соодветни можности за италијанските војници, претседателот Пендаровски искажа верување дека соработката помеѓу двете Армии ќе биде подеднакво успешна, како што тоа е случај со соработката на Северна Македонија и Италија на политичко и на економско ниво, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот Пендаровски. цр/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Димитриевски: Куманово прераснува во регионален економски центар

Филипче: Со Вачно Митев да го вратиме Зрновци на патот на развојот

Симонов: Приоритет е енергетски ефикасна општина и борба против регионална депонија