Утрински Весник
Македонија

Средба на албанските парламентарни политички партии на иницијатива на ДУИ

Ахмети: Честит Курбан Бајрам, почитувајте ги мерките

Денеска во 12 часот во хотелот Парк во Скопје ќе се одржи средба на албанските парламентарни политички партии, на иницијатива на ДУИ. Кој ќе присуствува на средбата е неизвесно откако вчера Алијансата за Албанците и Алтернативата најавија дека нема да дојдат.

Зијадин Села и Африм Гаши велат дека ја прифаќаат поканата, но бараат средбата да се одржи по 17 август, а не утре.

„Сметаме дека политичкиот механизам на тркалезната маса е важен политички инструмент за координирање на позициите на албанските парламентарни партии и како таков сметаме дека треба да продолжи да се негува за артикулација на албанските интереси во Северна Македонија. Размислете за можноста за друг датум почнувајќи од понеделник (17.8.2020) натаму, секако со известување неколку дена претходно со дневниот ред на средбата“, се вели во писмото на Алијансата за Албанците и Алтернативата до претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Според извори од Беса, ни нивниот лидер Билал Касами нема да учествува на состанокот на лидерите на албанските партии. Тој наводно не сакал да биде дел од состанокот, но од Беса прецизираат дека засега сè уште нема официјална одлука на партиските тела.

Конкретен одговор нема ниту од лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

ДУИ, сепак, не ја откажува средбата, а од партијата велат дека остануваат достапни и отворени за натамошни средби во текот на следната недела или на кој било иден датум.

Партијата им се заблагодари на сите албански парламентарни партии за, како што велат, коректната комуникација, потврдниот одговор и добронамерните предлози за состанокот. Велат дека предложениот дневен ред за состанокот на 13 август може да биде дополнет и изменет со предлози од сите учесници за време на заедничката средба.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на заедничка маса ги покани Билал Касами, Зијадин Села, Африм Гаши и Мендух Тачи на истиот ден кога се одбележува 19-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски