Утрински Весник
Македонија

Заев напладне ќе го добие мандатот за нова влада

Заев напладне ќе го добие мандатот за нова влада

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска треба да му го предаде мандатот за составување нова влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Од Кабинетот на шефот на државата, Стево Пендаровски, потврдија дека церемонијата за врачување на мандатот ќе се одржи напладне и ќе му биде доверен на лидерот на социјалдемократите.

„Зоран Заев, во име на коалицијата „Можеме“, којашто има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информираше претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на Владата“, информираа од претседателскиот кабинет.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Земјотрес попладнево ја стресе Македонија

Мицкоски за посетата на Белгија: Тоа беше научнообразовна екскурзија

Уапсен возач од Германија на автопат возел над 200 км/ч