Утрински Весник
Македонија

Средба Маричиќ-Гир: ЕУ ќе биде партнер во спроведување на реформите за владеење на правото

Средба Маричиќ-Гир: ЕУ ќе биде партнер во спроведување на реформите за владеење на правото
Dik 300x250 mk

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска се сретна со новиот амбасадор и шеф на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија, Дејвид Гир.

Посакувајќи му топло добредојде на новиот евроамбасадор, министерот Маричиќ истакна дека клучните реформи во поглед на евроинтеграциите на Северна Македонија се наоѓаат токму во ресорот правда и дека поддршката од ЕУ ќе биде мошне значајна за европеизација и трансформација на земјата.

На средбата се дискутираше и околу подготовките во Министерството за правда за почетокот на преговорите и отворањето на Поглавјето 23: Правосудство и фундаментални права.

Маричиќ истакна дека правдата е најголем приоритет за граѓаните и дека најголемите очекувања се токму во оваа област: Зголемување на ефикасноста, транспарентност и етика во постапувањето на судовите и обвинителствата.

Владеењето на правото, изградба на непристрасен, објективен и ефикасен правосуден систем ќе бидат во фокусот на вниманието за време на неговиот мандат, истакна Маричиќ, кој дополни дека во сите процеси и најавени реформи во правосудството и владеење на правото, ЕУ ќе биде партнер во спроведување на реформите, се вели во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Али Експрес левичарите си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат

Кочински: Граѓаните можат паралелно да се тестираат за грип и за Ковид-19

Швајцарска енергетска корпорација на чекор до купување на Лукоил Македонија?