Утрински Весник
Македонија

Средба Лукаревска – Голдстајн: Oстануваме посветени на реформите и надминување на последиците од кризите

Средба Лукаревска – Голдстајн: Oстануваме посветени на реформите и надминување на последиците од кризите
Dik 300x250 mk

Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, заедно со претседателот на СДММ, Марко Михаилоски, денеска се сретна со заменик шефот на Мисијата на ОБСЕ, во Скопје, Џеф Голдстајн, на која се разговараше за повеќе актуелни теми.

Осврнувајќи се на актуелната општествено политичка ситуација, Лукаревска истакна дека СДСМ преку Владата што ја предводи останува посветена на процесот на реформи, но и на политиките што го унапредуваат животниот стандард на граѓаните и обезбедуваат помош во време на економска и енергетска криза.

„Во изминатиот период реализираме нов сет на мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните. Сите надлежни институции се посветени на надминување на последиците од енергетската и економската криза. Затоа, неодговорно е барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени избори, сега не е време за избори, туку за решавање на кризите“, порача Лукаревска.

Taa изрази благодарност до ОБСЕ за досегашната поддршка што оваа организација ја дава на Република Северна Македонија особено во делот на унапредување на демократските вредности.

Заменик шефот на Мисијата на Обсе, Голдстајн, порача дека ОБСЕ останува посветен партнер на Република Северна Македонија како во процесот на реформи, така и во подготовката за претседавањето со ОБСЕ кое нашата држава ќе го преземе следната, 2023 година.

Можете да прочитате

Ранѓеловиќ: Излезноста во Кочани манифестира најголема мизерија, наместо тој народ да бојкотира за децата кои ги загубија животите, се одлучија да гласаат за партиите кои го создадоа системот кој ги проголта

Пензионер од Скопје фатил провалник на дело во станот и тој го претепал

Цело Тетово нема вода – намерно пресечена главната водоводна линија