Утрински Весник
Свет

Србија сè поблиску до заклучување – над 5.000 заразени и 38 починати во еден ден

Србија сè поблиску до заклучување – над 5.000 заразени и 38 починати во еден ден

Во последните 24 часа, во Србија 15.061 лице биле тестирани за коронавирус, од кои 5.067 биле позитивни, а 38 лица починале поради компликации, што според медиумите, е рекорден број на смртни случаи во еден ден.

Во здравствените установи низ Србија има 216 пациенти на респиратори. Вчера во Србија имаше рекорден број на новозаболени лица, 6.254.

Денеска се состана и Кризниот штаб за вонредни состојби на град Белград и донесе одлуки кои главно се однесуваат на градскиот превоз. Одлучено е да има повеќе автобуси во оптек со цел да се намали метежот во јавниот превоз.

Што се однесува до наставата преку интернет, членот на Кризниот штаб Срѓа Јанковиќ утрово изјави дека засега не е време училиштата во Србија да преминат на онлајн настава.

Поради влошената епидемиолошка состојба, Србија е се поблизу до затворање, иако со подобро придржување кон мерката за носење маски, властите велат дека државата би ја избегнала ситуацијата за воведување на построги ограничувања.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници