Утрински Весник
Свет

Србија донесе Уредба за ограничување на цената на горивото

Србија донесе Уредба за ограничување на цената на горивото
Dik 300x250 mk

Владата на Србија на вчерашната седница ја усвои Уредбата за ограничување на цената на нафтените деривати.

Така, максималната малопродажна цена на евро дизелот и евро премиум БМБ 95 ќе изнесува 179 (2,97 км), и 171 динар (2,84 км) за литар.

– Членовите на Владата ја донесоа Уредбата за ограничување на цената на нафтените деривати со цел да се спречи поголемо нарушување и да се зачува животниот стандард на населението, со оглед на тоа што во претходниот период имаше пораст на цените на овие деривати, што директно влијаеше на цена на сите останати стоки и услуги, се вели во соопштението по седницата.

Оваа одлука на српската влада доаѓа откако Хрватска одлучи да ги замрзне цените на горивата на 30 години, со што спречи нов удар по џебот на граѓаните.

Можете да прочитате

Зеленски: Украина нема ништо да му даде на агресорот и нема ништо да заборави

ЕУ размислува за прием на нови членови без право на вето

Израел ја прекинува хуманитарната помош за Газа