Утрински Весник
Свет

Србија ги ублажи мерките – се отвораат угостителските објекти

Србија ги ублажи мерките – се отвораат угостителските објекти

Кризниот штаб на Србија одлучи да дозволи отворање на терасите на угостителските објекти од понеделник, со посебни мерки, како и продолжување на работата на продавниците до 22 часот.

„Ја анализиравме епидемиолошката состојба во Србија. Сè уште е вонредна. Одлучивме од понеделник да се овозможи работа на угостителски објекти кои имаат можност за работа на отворено, под услови што ќе ги прецизираме со епидемиолозите и ќе ги откриеме најдоцна в недела. Викендов ќе разговараме за трговските центри и ќе се обидеме да најдеме решение“, изјави Зоран Гојковиќ.

Тој додаде дека ако порасне бројот на вакцинирани граѓани, мерките и забраните ќе се ублажуваат сукцесивно.

Според него, повеќе од 25 проценти од возрасните граѓани ја примиле првата доза на вакцината, а над милион граѓани, што е 18,6 проценти, ја примиле втората доза.

„Вечерва треба да пристигне првиот контингент од програмата Ковакс – 56.000 дози од ‘Астразенека’, а од понеделник 500.000 вакцини од ‘Синофарм’ и 106.000 вакцини од ‘Фајзер’“, рече Гојковиќ.

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година