Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Србите убедливи против Луксембург, Махмудов ја скина мрежата на Ирска

Србите убедливи против Луксембург, Махмудов ја скина мрежата на Ирска
300x250 opst2

Пет натпревари се одиграа доцна попладнево во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. Најубедливата победа ја забележа Србија, Норвежаните и Русите очекувано победија во гости кај Латвија, односно Кипар, Словенија со тешка мака ја победи Малта, додека Република Ирска во финишот се спаси од пораз против Азербејџан.

Србите ја оправдаа фаворитската улога против Луксембург. Два гола во првиот дел постигна Митровиќ во кое Србите не реализира ауште неколку добри шанси. Во вториот дел српските играчи се опуштија, ги оставија противниците да играат со топката. Таквата игра на Србија ја казни Тили со убав гол во 77.минута.

По примениот гол Србите повторно го наметнаа својот ритам, Шено постигна авто-гол во 81.минута, а во 95. Миленковиќ го постигна конечниот резултат.



Во истата оваа група, Република Ирска и Азербејџан одиграа 1:1. Азербејџанците поведоа во последните секунди од првиот дел со спектакуларниот гол на Махмудов. Ирците од пораз ги спаси Дафи со голот во 87.минута.

Србите водат во А-групата со 10 поени, колку што има и Португалија, Луксембург е на третото место со шест бода, додека Ирска и Азербејџан имаат по еден бод.

Норвешка го презеде првото место во Г-групата со победата во латвија од 2:0. Халанд го постигна првиот гол во првиот дел, а Елјунуси во второто полувреме го постави конечниот резултат.

Слична е ситуацијата и во Х-групата. Русија е лидер со 10 поени по победата во Кипар 2:0. Ерокин и Жемалетдинов ги постигнаа головите за Русија. Смолов беше асистент за головите.

Во оваа група Словенија со победата над Малта дојде до седмиот бод. Словенците се мачеа со аутсајдерот. Мечот го реши Ловриќ со голот во 45.минута.

> Србите убедливи против Луксембург, Махмудов ја скина мрежата на Ирска <

Можете да прочитате

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН

На Матка ќе се одржат две кола од Светскиот куп во кајак на диви води

Распродадени билетите за македонските фанови за дуелот со Белгија во Гент