Утрински Весник
Спорт

Спустот во Цаухензе за Гут-Бехрами

Спустот во Цаухензе за Гут-Бехрами

Лара Гут-Бехрами победи на трката во спуст, која во Светскиот куп се возеше во Цаухензе, Австрија.

Времето од 1:45.78 минути и ја обезбеди на Швајцарката 34.победа во кариерата. Гут-Бехрами победи пред Германката Кира Вајдле и Австријката Рамона Зибехофер, кои задоцнија за 10, односно 34 стотинки.

Американката Микаела Шифрин и покрај тоа што не се натпреваруваше на оваа трка, го задржа првото место во генералниот пласман со 966 поени. Втора е Петра Влхова од Словачка со 916 поени, а трета Софија Гоџа.

Утре, на истото место, најдобрите светски скијачки ќе се натпреваруваат во супер-џи.

> Спустот во Цаухензе за Гут-Бехрами <

Можете да прочитате

Инфантино повторно ќе се кандидира за претседател на ФИФА

Скопје и Башкими попладнево го играат единствениот натпревар

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание