Утрински Весник
Свет

Спречен терористички напад на Крим: Уапсен припадник на Исламска држава, планирал да ја разнесе железницата

Спречен терористички напад на Крим: Уапсен припадник на Исламска држава, планирал да ја разнесе железницата

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека спречила терористички напад на Крим, пренесува РИА „Новости“.

– На Крим е приведен поддржувач на терористичката група Исламска држава, кој подготвувал терористички напад на железницата – соопшти ФСБ.

ФСБ наведува дека државјанин на Руската Федерација бил приведен во градот Симферопол, каде се подготвувал да ги разнесе железничките пруги по наредба на водачот на кримскиот татарски исламски волонтерски баталјон „Крим“, кој учествува во воените дејствија против Руските вооружени сили во Украина.

При претресот терористите заплениле експлозив со вкупна тежина од три килограми, два електрични детонатори, шема за поставување бомба под железница, екстремистичка литература, знаме и летоци на баталјонот Крим.

Според РИА „Новости“, против уапсениот е покрената кривична постапка за подготовка на терористички напад и недозволено поседување експлозивни направи.

Можете да прочитате

Здружение од странски компании во Украина обработуваат 275.000 хектари земја

Ужас во Колумбија: Се урна воен авион, имало 110 војници!

Ле Пен, Вилдерс и Салвини го поддржаа Орбан во Будимпешта