Утрински Весник
Спорт

Според Де Бруин, Мане е најдобриот играч во Премиерлигата

Според Де Бруин, Мане е најдобриот играч во Премиерлигата

Манчестер, 24 април 2020 (МИА) – Играчот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин де Бруин, се изјасни кого го смета за најдобар играч во англиската Премиер лига.

– Јас би го избрал Мане. Тој направи се за Ливерпул оваа сезона, одигра многу важна улога во тимот. Ако треба да изберам само еден, тоа ќе биде Мане, потенцира Де Бруин.

Оваа сезона Садио Мане настапи на 26 натпревари во Премиер лигата за Ливерпул, постигна 14 голови и оствари девет асистенции. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Галатасарај убедлив против Јувентус, ПСЖ со пресврт го совлада Монако

Стартува плејоф фазата во Лигата на Шампиони

ЗОИ2026: Златото на Мејар прво за Швајцарија во слалом од 1948