Утрински Весник
Свет

Списокот на обвинети за убиството на Кашоги проширен со шест лица

Списокот на обвинети за убиството на Кашоги проширен со шест лица
Dik 300x250 mk

Турскиoт суд додаде уште шест обвинети на списокот со 20 саудиски службеници на кои веќе им се суди во отсуство за убиството на новинарот Џамал Кашоги, јавија државните медиуми.

На денешното рочиште во Истанбул, само второ во судењето кое започна пред четири месеци, судот го прифати второто обвинение, додавајќи имиња на уште шест саудиски функционери, пренесува „Ројтерс“.

Најновото обвинение се однесува на заменик конзулот и аташе за убиство со предумисла со монструозна намера. Уште четворица, исто така, саудиски државјани, се обвинети за уништување, прикривање или неовластено подметнување на докази.

Во септември, саудискиот суд затвори осум лица на седум до 20 години затвор за убиство, на судење за кое критичарите обвинија дека не било транспарентно. Ниту еден од обвинетите не беше именуван.

Кашоги, критичар на саудискиот престолонаследник принцот Мухамед бин Салман, последен пат бил виден како влегува во саудискиот конзулат во Истанбул на 2 октомври 2018 година. Турските власти веруваат дека неговото тело било распарчено и фрлено, но неговите посмртни останки се упте не се пронајдени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран предупредува дека пресушуваат резервоарите со вода, можна евакуација на Техеран

Дронови и ракети ја погодија електричната и грејната инфраструктура во Русија и Украина

Земјотресот во Јапонија предизвика мало цунами без сериозни последици