Утрински Весник
Спорт

Спектакуларно отворање на ЗОИ – Дехари го развиори македонското знаме

Спектакуларно отворање на ЗОИ – Дехари го развиори македонското знаме

На стадионот „Птичје гнездо“ во Пекинг, во тек е свеченото отворање на 24. Зимски олимписки игри (ЗОИ). Македонија од осамостојувањето осми пат учествува на ЗОИ. На свечената церемонија, македонското знаме го развиори Дардан Дехари.

На дефилето, покрај знаменосецот Дехари, беше и неговиот тренер Антонио Ристевски. Ана Цветановска и Ставре Јада, го пропуштија дефилето поради контакт со нивниот тренер Борче Јовановски кој е позитивен на коронавирусот.

Цветановска, Јада и тренерот Јовановски се во изолација.

Кина уште еднаш на светот му приреди спектакуларно отворање. Истото го направија и во 2008 година, на отворањето на Летниот олимписки игри. Пекинг на овој начин стана единствениот град кој бил домаќин на Летна и Зимска олимпијада.

На ЗОИ ќе учествуваат речиси 3.000 спортисти од 90 земји во светот, тие за медали ќе се борат во 109 дисциплини.
САД во Пекинг допатуваа со најмногу спортисти, 224.

Македонските претставници ќе се натпреваруваа во алпско и нордиско скијање. Дехари ќе настапи во трките во слалом и велеслалом на 13. и 16.февруари, Цветановска ќе настапи на 7,5км слободно + 7,5км скијатлон на 5.февруари и 10км класично на 10.февруари, а Јада ќе се натпреварува во крос кантри ќе се натпреварува во дисциплините, спринт слободно 1,5 км и 50 км слободно, на 8. и 19.февруари.

Игрите во Пекинг ќе завршат на 20.февруари.

> Спектакуларно отворање на ЗОИ – Дехари го развиори македонското знаме <

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ