Утрински Весник
Економија

Спасовски, Сугарески и Китанов во увид на градежните активности на патот Штип – Радовиш

Спасовски, Сугарески и Китанов во увид на градежните активности на патот Штип – Радовиш

Скопје, 13 мј 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ќе направат увид во градежните активности на изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш (I – фаза од клучка Штип југ до Бучим).

Директорот на ЈП за државни патишта Китанов, при минатонеделниот увид со министерот Сугарески на регионалниот пат Прилеп-Тополчани-Битола, изјави дека изградбата на експресниот патен правец Штип – Радовиш тече добро и реализацијата е 90 отсто. Рокот е до мај наредната година, но се очекува да биде завршен до крајо на годинава.

Министерот Сугарески, пак, кажа дека реализацијата на капиталните инвестиции во патната инфраструктура во земјава се одвиваат со одлична динамика и оти ќе добијат посилно темпо во мај и јуни.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од полноќ поскапуваат сите горива

Граѓаните ја „прокоцкале“ економијата? 2.8 милијарди евра оставени во казина и обложувалници

Германија стопираше 18.000 барања за работа поради исцрпена квота