Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Со медицинските сестри надежта и оптимизмот во битката со КОВИД-19 пореални и остварливи

Спасовски: Со медицинските сестри надежта и оптимизмот во битката со КОВИД-19 пореални и остварливи

Скопје, 12 мај 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски на Фејсбук им го честиташе 12 мај – Меѓународниот ден на медицинските сестри, изразувајќи благодарност на медицинските сестри во нашата земја и низ целиот свет за нивната храброст и посветеност, заради кои, како што посочува, надежта и оптимизмот во битката со КОВИД-19, стануваат пореални и остварливи.

-Секогаш први во грижата, медицинските сестри се присутни на некои од најскапоцените во животот моменти, како и во моментите на тага. Ви благодариме и ви го честитаме Меѓународниот ден на медицинските сестри, ден кога целиот свет им оддава признание за големата стручна и хумана помош што секојдневно ја добиваат пациентите во болниците, напиша на фејсбук Спасовски. дма/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нема место за паника – најавена почесна артилериска стрелба во Скопје по повод Денот на Армијата

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата